Времето утре ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.


