Подгответе се: Неколку скопски улици утре ќе останат без вода
Неколку улици во текот на утрешниот ден ќе останат без вода за пиење поради активности на улицата „Жил Верн“ 4 во населба Кисела Вода, информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
- Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Жил Верн“, „Тодор Паница“, „Јордан Филиповски“, „Балканска“ и комплексот наречен „Пегла“ на „Борис Трајковски“, се наведува во соопштението.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од осум часот сѐ до завршување со активностите.
09.07.2024 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа