Подготвени здравствени протоколи: За Илинден Пендаровски во Пелинце, Џафери во Крушево, Спасовски во Скопје

 

На годинашната прослава на националниот празник Илинден претседателот на државата Стево Пендаровски треба да ја предводи делегацијата во Пелинце, претседателот на Собранието во оставка Талат Џафери во Крушево, а премиерот Оливер Спасовски ќе биде во Скопје.

Според владиниот заклучок од 76.седница, Организацискиот одбор за прославата на националниот празник Илинден 2020 година го предводи премиерот Оливер Спасовски, а во одборот да бидат вклучени претставници на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија и претставници од Секторот за односи со јавност на Владата.

Во врска со организацијата и прославата на државните празници, Владата го задолжи Министерство за здравство, преку Комисијата за заразни болести да обезбеди протокол за организација на државните настани во време на пандемија.

За Илинден нема да се организира масовна прослава, а одбележувањето ќе биде според утврдени здравствени протоколи, со носење заштитни маски и држење физичко растојание. Надлежните велат дека за се има протоколи, но тие мора да се почитуваат за заштите од Ковид-19.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски, кој е и претседател на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вели дека големиот Илинден и 117-годишнината од Илинденското востание ќе се прослават достоинствено, но очигледно ќе изостанат собирањата.

Манифестацијата традиционално почнува на 1 август. Крушево ги пречекува коњаниците, на Гумење се подигнува знамето на Републиката со пригодна програма. Во 10-те дена вообичаени се бројните културни настани во чест на значењето на Илинденското востание. Централната прослава е на 2 август, на Илинден, на Мечкин Камен. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега