Податоците се обновија: Познато колку плата зема Мицкоски и министрите во Владата

Податоците на официјалната страница на Владата се обновени, па така сега на јавноста и е достапна информацијата за тоа колку прата зема премиерот Христијан Мицкоски, но и сите министри.

Па така, Мицкоски е на врвот поради премиерската позиција и зема плата од 140.450 денари. Веднаш зад него, по висина на плата е министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој на сметка си добива 140.405 денари.

Сите останати министри во владата земаат по 115.540 денари. 

До скоро на оваа страница стоеја платите на членовите на Владата на Зоран Заев од пред фамозното зголемување од 78 отсто лани во март, а Владата на Димитар Ковачевски, во чиј мандат се случи зголемувањето функционерските плати, никогаш не објави колку им изнесуваат месечните примања.

22.07.2024 - 14:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега