Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „Хема-онко“, утре во Драчево организира едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“.
Настанот ќе се одржи со почеток во 13 часот во „Паркот на бранители“, а целта е подигнување на јавната свест за превенцијата, раното откривање и навременото лекување на малигните заболувања.
На трибината ќе бидат споделени стручни совети, но и лични искуства. Свое искуство ќе сподели Наташа Бабулова, членка на „Хема-онко“ и лице кое се соочило со рак на дојка.
На настанот ќе зборуваат и специјалист д-р Албина Чресловник Пупакоски, медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, како и д-р Славица Чалчевска, радиолог, супспецијалист и интернист од ГОБ „8 Септември“.
Од Општина Кисела Вода ги повикуваат граѓаните да присуствуваат на трибината и да се информираат за значењето на превенцијата и навремената дијагностика.
Со овој настан започнува и кампањата „Розев Октомври“ во Општина Кисела Вода. Активностите ќе продолжат со уште една трибина на 26 септември, а кампањата ќе заврши со голем „Розов пикник“ на Школка во Градскиот парк.


