Почна штрајкот на ССМ: Поставени 120 столчиња пред Собранието

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) почна со штрајкот, па пред Собранието на Република Македонија во Скопје беа поставени 120 столчиња.

Членовите на ССМ бараат линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за  регрес на годишен одмор од 2023 година.

Работниот процес нема да го прекинат само 10 отсто од вработените, кои ќе работат на итните случаи, додека останатите ќе го одржат штрајкот.

22.06.2022 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега