Почна сезоната на загаден воздух: Проверете каде е најзагадено во Скопје вечерва

 

 

Почна сезоната на загаден воздух. Вечерва најзагаден воздухот е во Скопје каде мерната станица во населбата 11 Октомври бележи 101 ПМ 10 честички на метар кубен.

Речиси подеднакво е загадено во Бутел каде мерната станица регистрира 97 ПМ 10 честички на метар кубен.

Во Ѓорче Петров, пак, се бележат 74 ПМ 10 честички на метар кубен.

Во внатрешноста висока загаденост се бележи во Гостивар со 125 ПМ 10 честички, како и во Кавадарци со 90 ПМ 10 честички на метар кубен.

 

21.10.2021 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега