Почна реконструкцијата на шеталиштето пред Градски парк

 

 

Екипите на Град Скопје почнаа да го реконструираат шеталиште пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ до почетокот на влезот во Градскиот парк, кај Министерството за земјоделство, умарство и водостопанство, веднаш спроти паркот на Франкофонијата.

-Во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, шеталиштето помеѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад. Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време беше руиниран и преставуваше критично место при шетање или движење со велосипед, информираат од Град Скопје.

Ова, велат, не е прва активност на Град Скопје кога станува збор за реконструкција на јавните простори во градот, поточно Кејот на Вардар и Градскиот парк.

-Покрај целосно исчистеното корито на Вардар од хотелот „Александар Палас“ до Аеродром што преставува големо задоволство за скопјани, Град Скопје е во завршна фаза и со реконструкцијата на шеталиштето на кејот „13-ти Ноември“, а во тек е и реконструкцијата на пешачките патеки во вториот дел од Градски Парк, каде веќе се обновени и сите пешачки мостови, се вели во соопштението од Град Скопје.

19.06.2021 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега