Започна нова страница во извршувањето на санкциите, откако за првпат беше спроведена пресуда за куќен затвор со употреба на опрема за електронски надзор.
Овластени службеници од Секторот за пробација во Чашка, Велешко, на осудено лице му поставија алка на глуждот, со која ќе се следи неговото движење
Според условите на пресудата, осуденикот нема да смее да го напушта својот дом во наредните три месеци. Единствен исклучок е правото на престој на свеж воздух, кое е ограничено на најмногу два часа дневно. Од надлежните служби појаснуваат дека системот функционира преку постојан мониторинг.
„Во случај на непочитување на упатствата за користење на опремата за електронски надзор и ограничувањата дадени од судот, пробациските службеници ќе го известат судот, согласно одредбите од Законот за пробација“, се вели во соопштението.
Примената на оваа алтернативна мерка се смета за поекономична за државата во споредба со затворското издржување на казната. Во конкретниот случај, имајќи ја предвид возраста на сторителот, таа воедно претставува и похуман начин на извршување на санкцијата.
Актуелно
- Николоски: Посветени сме на изнаоѓање трајно решение за македонските превозници
- (ФОТО) „Овој тип ми го запали автомобилот“: Бака Прасе го покажува лицето на човекот осомничен за запалување на неговиот Брабус
- Хорор во Солун: Пронајдени телата на две исчезнати жени, полицијата се сомнева на сериски убијци
- Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние ќе го подобруваме квалитетот на образованието
- Мицкоски утре на терен: Ќе изврши увид во градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани
- Перински: Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските во делот на регионалниот развој и ЕУ политиките
- Пиромнот кој го запали автомобилот на Бака Прасе одбива да зборува
- (ФОТО) Ова е 24-годишното момче од Велес кое загина на градилиште


