Почината жена пронајдена во куќа во Охрид

Во полицијата во Охрид вчера во 14.35 часот било пријавено беживотно тело на жена во куќа на улицата „Даме Груев“.

Полицијата извршила увид во присуство на јавен обвинител и медицинска екипа при што е констатирано дека се работи за Љ.Т. (85) од Битола.

Од извршениот увид од страна на лекар на Службата за итна медицинска помош е констатирано дека нема траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа