Починал на работното место: Скопјанец пронајден мртов во погон во скопски Аеродром

Во погон на булевар „Трета македонска бригада“ во Скопје, на еден од меѓукатовите, бил пронајден починат Г.Ѓ.(61) од скопското село Долно Лисиче, вработен во погонот.

Како што соопшти МВР, случајот вчера бил пријавен во СВР Скопје од Итна медицинска помош.

Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција.

08.12.2022 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега