На 23 август 2026 година во 20:30 часот во СВР Битола било пријавено дека се случила тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Меџитлија–Старавина.

Според пријавеното, 42-годишниот Д.Ј. од село Новаци, битолско, кој управувал мопед со битолски регистарски ознаки, од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Од здобиените повреди мопедистот починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид извршила увидна екипа од СВР Битола.

Exit mobile version