Почина Тео Богоевски, кој 15 години беше неподвижен, сите се опростуваат од младото момче

Почина Теодор Богоевски, советник на премиерот Димитар Ковачевски за лица со попреченост.

Веста за смртта ја објавија секретарот за јавни политики на Владата, Васко Кичевски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска кои преку Фејсбук се простија од него.

„Со тага и неверување ја примив веста дека нѐ напушти нашиот другар и колега Тео Богоевски. Ти благодариме за твојата долгогодишна заложба и значителен придонес во креирањето политики за интегрирање на лицата со посебни потреби во општеството. Ќе те памтиме како голем борец. Искрено сочувство до семејството и пријателите“, порача Кичевски.

„Драг Тео, еднаквите можности за кои се боревме ќе останат аманет за секој од нас. Ти ни ја даде најголемата можност ,да си наш другар, пријател, соборец.Човек со најголема желба за животот и предизвиците кои ги носи. Ќе недостасуваш многу“, напиша Лукаревска.

На социјалните мрежи бројни пријатели се опростуваат од него.

Тој заврши Правен факултет, беше храбар човек и отворено зборуваше за својот хендикеп.

Тој во мај ја промовираше книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост”.

23.11.2023 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега