Почина српската актерка Љиљана Седлар, ѕвездата на серијата „Подобар живот“.

 

Актерката Љиљана Седлар почина на 80-годишна возраст по кратко боледување, потврдија нејзините блиски пријатели.

Најпозната е по улогата на Дуда Павловиќ, зајадливата тешта на Александар Попадиќ (Борис Комнениќ) во култната серија „Подобар живот“, во која се појави во 20 епизоди и „Жикина династија“.

Љиљана Седлар е родена на 1 ноември 1943 година во Белград, а во повеќедецениската кариера одигра десетици улоги.

Таа дебитираше на големото платно во 1968 година во филмот „Под стаклено ѕвоно“, по што продолжи да игра импресивни улоги. како во  „Отпишаните“, „Мојот татко на одредено време“, „Жикина династија“, „Развод на одредено време“, „Шпион на штикли“.

Последната улога Љиљана ја одигра во 1998 година во „Враќање“, по што замина во пензија.

 
23.03.2023 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега