Почина Реџаил Ќерими осуден на доживотен затвор за случајот „Алфа“

Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотен затвор поради убиство на полициски службеник во 2008 година на паркингот кај ПМФ, починал како последица на мозочен удар, дознава Алсат-М од неофицијални извори. Истите извори велат дека Ќерими бил пронајден без свест во затворската бања, додека починал при транспортот во болница.

Членовите на семејството неколку часа не можеле да го најдат мртвото тело на Ќерими, а веста за неговата смрт ја потврди братот на Реџаил, Џетула Ќерими. Информацијата ја потврдија и други лица од ќелијата.

Телото на починатиот ќе биде вратено во затворот Идризово, а членовите на семејството очекуваат да го примат телото во утринските часови.

27.01.2022 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега