Почина осуденик во затворот во Идризово
На 05.06.2023 во 09.20 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Идризово било пријавено дека во установата бил пронајден починат осуденикот Б.А.(82) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатира смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
06.06.2023 - 16:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа