Почина новинарот Рамадан Телќиу

 По кусо боледување на 76- годишна возраст во Дебар попладнево почина Рамадан Телќиу, новинар во пензија.

Телќиу повеќе од три децении беше дописник на МРТВ, Радио Скопје,редакција на македонски и албански јазик, а како хонорарен соработник и за весниците Вечер, Нова Македонија и други редакции. И по пензионирањето не го напушти новинарството, работеше до последен миг.

Тој беше познат и како голем хуманист посебно во областа на крводарувањето. Со дадени околу 200 крвни едници е еден од рекордерите крводарители во нашата земја.

Добитник е на Плакета за крводарител рекорден што ја доделува Претседателот на Северна Македонија, Плакета Мајка Тереза и многу други призинанија.

Сепак, како што знеше да каже, негова најголема радост е што секоја дадена крва единица тој е побогат за уште еден брат или сестра. Крв даруваше секогаш кога ќе беше потребно, без да праша за кого таа е потребна.

Повеќе години беше и секретар на Општинската организација на Црвен крст – Дебар, кога успеа,со личен пример на целото негово семејство, да го популаризира крводарувањето и Дебар стана една од општините кои редовно го надминува годишниот план.

Ќе биде погребан утре во 12:00 часот на градските гробишта во Дебар. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2020 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега