Почина музичарот и композитор Џенгиз Ибрахим
Почина музичарот и композитор Џенгиз Ибрахим, соопшти Турскиот театар во Скопје.
Тој имаше 63 години и е еден од најзначајните претставници на турската култура во Македонија, како и еден од најреномираните балкански музичари кој свири на ориенталните традиционални инструменти канон, уд и саз, а работеше и како наставник по музичко во училиште во Чаир
„Самиот често велеше, дека успешно ја претставува синтезата на музиката алатурка и алафранга не само кај нас туку и на меѓународната платформа. Музиката изведена на сцената во претставите во нашиот театар секогаш ќе остане во сеќавањата“, велат од Турски театар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа