Почина Мито Марковски, поранешен Генерален директор на „Електростопанство“

Синоќа, на 87 годишна возраст, почина Мито Марковски, поранешен Генерален директор на „Електростопанство“. Марковски ја извршуваше функцијата во два мандата во текот на ’80-тите години на минатиот век, и под негово раководство е изграден Блок 2 на РЕК Битола. 

Во својата работна кариера извршуваше значајни државнички функции и како истакнат стопанственик активно беше вклучен во многу стопански активности. Беше заменик-претседател на Стопанската комора на Македонија и заменик-министер за енергетика и економија.

Посмртните останки на Мито Марковски ќе бидат изложени утре, од 12.00ч до 13.00ч во Капелата на градските гробишта Бутел во Скопје.

11.01.2023 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега