Почина малиот Илче од Охрид кој беше напуштен од неговата мајка - ќе се утврдува причината за смртта

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишшниот Илче, штитеник на Специјаниот завод Демир Капија.

Илче, кој имаше ретка дијагноза, долго време живеел без родителска грижа во Охрид, а според изјава на директорката на Центарот за социјални работи Охрид, детето не било искапено една година, со недели не јадело ништо повеќе од чаша млеко дневно, а неподвижно и беспомошно лежело на чергиче во една соба во куќа.

Со возило на итната медицинска помош, од Охрид за Скопје Илче беше префрлен на детската клиника, а таму медицинска екипа му подготви соба во одделот за изолација.

По закрепнувањето Илче бил згрижен во семеен дом пред еден месец, информира ОЈО.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега