Почина американскиот актер Том Сајзмор

 

 

Американскиот актер Том Сајзмор, познат по улогите во „Спасување на војникот Рајан“ и „Блек Хок“, почина на 61-годишна возраст, потврди денеска неговиот менаџер.

Сајзмор се прослави во 1990-тите, играјќи главно споредни улоги како тешки момци, војници, полицајци или криминалци и имаше забележителни улоги во голем број филмови, вклучувајќи ги Перл Харбор и Жештината, пренесуав Би-би-си.

Меѓутоа, Сајзмор имал и сериозен проблем со дрогата, тој е осуден на затвор за семејно насилство.

Медиумите објавија дека тој на 18 февруари доживеал мозочно крварење предизвикано од аневризма и оттогаш бил во кома.

Неговиот менаџер Чарлс Лаго изјави за новинарите дека Сајзмор починал во петокот во болница во Бурбенк, Калифорнија, додека неговиот брат Пол и синовите близнаци Џејден и Џегер (17) биле покрај него.

04.03.2023 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега