Close Menu
Press24
    Најново

    4 знаци на неуредна жена: тврди Кристијан Диор

    12.03.2026 во 23:41

    Петровска за 24 Анализа: Местото на сите пратеници меѓу кои и на Филипче денеска беше во Собранието

    12.03.2026 во 23:17

    Најлошиот петок 13-ти по 45 години

    12.03.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 4 знаци на неуредна жена: тврди Кристијан Диор
    • Петровска за 24 Анализа: Местото на сите пратеници меѓу кои и на Филипче денеска беше во Собранието
    • Најлошиот петок 13-ти по 45 години
    • Мицкоски: Нашиот фокус е консолидирање и економски раст на државата
    • Нетанјаху призна: Израел стои зад ликвидацијата на врвните ирански нуклеарни научници
    • Костадиновски: Да не се кратат платите- туку да се расчисти со судиите и обвинителите кои го валкаат образот на фелата
    • 15-годишно момче пукало со пиштол кон врсник во Скопје, другар му само фрлал камења
    • Вашингтон на „тенок мраз“: Како САД ќе одговорат на последната ескалација со Иран?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина актерката Ленче Делова – театарската уметност загуби уметник со повеќедецениска кариера

    Почина актерката Ленче Делова – театарската уметност загуби уметник со повеќедецениска кариера

    15.02.2026 во 16:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Со длабока тага Драмски театар – Скопје ја соопшти веста за смртта на актерката Ленче Делова, една од најпрепознатливите и најконтинуирани имиња во македонскиот театар, филм и телевизија.

    „Нејзиниот талент, топлина и насмевка ќе останат засекогаш во нашите срца и спомени. Театарот загуби уметник, а ние – пријател и прекрасен човек“, соопштија од Драмски театар, изразувајќи искрено сочувство до семејството и најблиските.

    Ленче Делова е родена на 15 јуни 1948 година во Скопје. Својот актерски пат го започнува како глумец-аматер во 1964 година, а од 1970 станува член на ансамблот на Драмски театар – Скопје, каде останува до пензионирањето во 2013 година. Во текот на повеќе од четири децении активна работа, таа оствари една од најбогатите кариери во македонскиот театар.

    Меѓу нејзините најзначајни улоги се вбројува Офелија во „Хамлет“, за која во 1978 година ја добива наградата „13 Октомври“. Во 1996 година ја добива наградата за најдобро глумечко остварување на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Трајанка во „Ни ќар ни зијан“, а во 2006 година ѝ е доделена и наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“ за исклучителен придонес во театарската уметност.

    Покрај сцената, Делова остави силен печат и во филмската и телевизиската продукција. Публиката ја памети по улогите во сериите „Чук, чук Стојанче“, „Солунски патрдии“, „Во светот на бајките“ и „Ајде да се дружиме“, како и по учеството во филмот „Пред дождот“. Нејзината филмографија опфаќа бројни наслови од 1970-тите до 2010-тите години, што сведочи за долга и плодна уметничка активност.

    Со заминувањето на Ленче Делова, македонската културна сцена губи истакната актерка чиј труд и посветеност трајно се вградени во историјата на националниот театар и аудиовизуелната продукција.

    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    ФОТО: Си замина мирно во сон – Последната фотографија од актерот Кили

    12.03.2026 во 09:12

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.