По три недели пронајдено телото на Спасе Димовски кој при спасување на екипа на ЕВН исчезна во водите на Врадар

Пронајдено е телото на исчезнатиот Спасе Димовски, кого поројница го однесе во селото Белештевица. Телото е пронајдено во близина на вливот на Бабуна во Вардар, низводно од Велес. Член на потесното семејство потврди дека станува збор за Димовски, објавува СДК.

„На местото се блиски на семејството и според ланчето и раката, станува збор за Спасе“, изјави член на семејството Димовски.

Телото на Димовски било забележано претпладнево како плови по Вардар низ Велес, по што екипа за спасување и безбедност при општинскиот Црвен крст се дала во потрага со чамец на територијалната противпожарна единица.

 Спасе Димовски исчезна на 6 август околу 14:47 часот кај село Белештевица, Велешко, кога со неговиот трактор им помагал на екипи на ЕВН да се извлечат од кал. По телото се трагаше три седмици по течението на Вардар, од вливот на Пчиња, па до Ногаевци.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.08.2020 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега