По смртта на пешакот, се огласи и градоначалникот Стојкоски: Ме вознемири ова што вечерва се случи

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, посочи дека сообраќајната несреќа во близина на општинската зграда остава простор за огромна загриженост. Тој изрази сочувство до семејството на загинатиот пешак. Посочи дека улиците мора да бидат безбедни за сите, од деца до највозрасни.

„Сите имаме своја улога во сообраќајот, внимателноста е најважна. Како возачи, огромно внимание треба да обрнеме на другите учесници во сообраќајот, на брзината со која возиме, сообраќајните правила. Како пешаци мораме без исклучок колку ни се брза, да поминуваме улица на обележан пешачки премин. Ова е единствениот начин, сите да бидеме безбедни. Ме вознемири ова што вечерва се случи. Исто како што ве вознемири она што се случи пред „Сити мол“ пред пет месеци. Се надевам дека ваквите несреќи ќе бидат во најмал можен број односно дека ќе ги немаме. Не заборавајте, никаде не се брзаме. Најважно е безбедно да стигнеме дома, бидејќи, таму, некој не чека!“, напиша Стојкоски.

 
25.05.2022 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега