По смртта на малата Јана, вонреден инспекциски надзор во битолската болница

Се врши истрага за причините за смртта на шестгодишно девојче, велат претставници на Клиничката болница во Битола. Тие велат дека за случајот веднаш биле известени обвинителството и полицијата со цел службено да постапат откако во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед.

И од Министерството за здравство за утре најавуваат вонреден инспекциски надзор за овој случај. Обдукцијата на телото на девојчето е веќе завршена, а резултатите се очекува да пристигнат за 10 дена.

Вчера во битолската болница почина Јана Христовска, шестгодишно девојче кое родителите го донеле на преглед по покачена температура и симптоми на настинка.

23.03.2023 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа