По протекувањето на контроверзната аудио порака, пејачката реши ситуацијата да ја претвори во музички хит.
Дара Бубамара повторно е во центарот на вниманието, но овојпат поради нов музички проект. Откако во јавноста се појави гласовна порака со интимна содржина, таа одлучи целата ситуација да ја претвори во песна со симболичен наслов „Од 4 до 7“.
Новиот сингл за кратко време предизвика голем интерес кај публиката. Фановите и колегите масовно ја поддржаа пејачката, оставајќи позитивни коментари и комплименти под објавата.
Дара преку социјалните мрежи испрати и порака до своите следбеници, нагласувајќи дека секоја ситуација може да се сврти во сопствена корист. Таа потенцираше дека, иако предизвикала многу реакции, решила да остави траен белег преку музиката.


