Close Menu
Press24
    Најново

    По седум години чекање: Целосно реконструирано хроничното одделение во болницата во Негорци

    09.04.2026 во 13:05

    Солидарноста на дело: Сточарот Никола Колев доби нов објект и стадо по катастрофалните поплави

    09.04.2026 во 12:41

    Од утре нови правила за влез во ЕУ: Почнува системот ЕЕС – еве што треба да знаете пред тргнување

    09.04.2026 во 12:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По седум години чекање: Целосно реконструирано хроничното одделение во болницата во Негорци
    • Солидарноста на дело: Сточарот Никола Колев доби нов објект и стадо по катастрофалните поплави
    • Од утре нови правила за влез во ЕУ: Почнува системот ЕЕС – еве што треба да знаете пред тргнување
    • Сообраќајна расправија во Тетово заврши со прободување: 31-годишник приведен откако со нож нападнал сограѓанин
    • Герасимовски: Хигиената останува најголем проблем, Центар е подготвен сам да го собира отпадот
    • Руте по средбата со Трамп: Го разбирам неговото разочарување од НАТО сојузниците
    • Петрушевски: Дали Заев договорил процент од 200 милиони евра за „бетонската џунгла“ на Дака во Тетово
    • Акција во Центар: Уапсен турски државјанин, одгледувал канабис и организирал нелегални онлајн игри на среќа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По седум години чекање: Целосно реконструирано хроничното одделение во болницата во Негорци

    По седум години чекање: Целосно реконструирано хроничното одделение во болницата во Негорци

    09.04.2026 во 13:051 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Психијатриската болница Негорци – Гевгелија по повод извршена целосна реконструкција на хроничното одделение.

    -Здравствената инфраструктура е еден од столбовите на системот и затоа се залагаме за унапредување на инфраструктурата и подобри услови за лекување и третман на пациентите. Реконструкцијата во Психијатриската болница Негорци опфати целосна обнова на кровната конструкција, комплетно нови врати и прозорци, репарирање на изолациската фасада. Извршена е и целосна внатрешна реконструкција, реновирање на бањите и санитарните јазли, како и поставување соларни колектори и затоплување на вода со помош на обновливи извори на енергија. Со оваа инвестиција се овозможени поквалитетни услови за сместување на пациентите, истакна министерот Алиу при посетата.

    Директорот на установата, Сашко Стојиловски посочи дека станува збор за објект со површина од 550 метри квадратни, а вкупната вредност на инвестицијата е над 16 милиони денари.

    -Овој проект чекаше за реализација околу седум години, а во изминатите години сите забелешки од меѓународни институции беа адресирани на условите од ова одделение. Заеднички со Министерството за здравство направивме напори за изработка на проектот и реализација, со што ги подигнавме на повисоко ниво стандардите за третман во нашата установа, рече Стојиловски.

    Популарно

    По седум години чекање: Целосно реконструирано хроничното одделение во болницата во Негорци

    09.04.2026 во 13:05

    Солидарноста на дело: Сточарот Никола Колев доби нов објект и стадо по катастрофалните поплави

    09.04.2026 во 12:41

    Од утре нови правила за влез во ЕУ: Почнува системот ЕЕС – еве што треба да знаете пред тргнување

    09.04.2026 во 12:38

    Сообраќајна расправија во Тетово заврши со прободување: 31-годишник приведен откако со нож нападнал сограѓанин

    09.04.2026 во 12:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.