По разорниот земјотрес нова трагедија во Петриња: Маж се разнел со бомба

Во раните утрински часови во подрачјето Петриња 56-годишен маж извршил самоубиство преку активирање на експлозивна направа, потврди сисачко-мославинската полиција.

 

Веднаш по дојавата за експлозија на местото на настанот излегла екипа на полицијата која ќе ги утврди сите околности од настанот, кажал за Хина, портпаролот на тамошната полиција, Дарио Качмарчик.

Полицијата не открила детали за самоубиството, а повеќе ќе биде познато после истрагата.

– Овие подрачја се трауматизирани, ова е единствената судбина која дава порака. Психолошката помош доаѓа, а прашање е колку ќе биде тоа доволно. Жал ми е, мое сочувство за фамилијата, рекол градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ.

Петриња овие денови претрпе незапамтена трагедија и поголем дел од градот е во рушевини по разорниот земјотрес кој ја погоди Хрватска на 29 декември при што загинаа седум лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа