По продолжениот викенд за Илинден, кога 2 Август беше одбележан во недела, а неработниот ден се пренесе на понеделник, 3 август, граѓаните наскоро ќе имаат уште неколку можности за одмор. Во следниот период следуваат неколку неработни денови, вклучително и нов продолжен викенд.

Следен неработен ден за граѓаните од православна вероисповест е 28 Август – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) .

За сите граѓани на РСМ

  • 8 септември (вторник) – Ден на независноста
  • 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела) (Продолжен викенд)
  • 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (Продолжен викенд)
  • 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски

За граѓаните од православна вероисповед

Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди:

  • 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) (Продолжен викенд)

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
  • 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ
Exit mobile version