По пријава на „сомнителна торба“ професорката Ристова Астеруд приведена на скопскиот аеродром: Ме држеа со часови во лисици

Професорката од правниот факултет Каролина Ристова Астеруд била приведена на скопскиот аеродром, потврди самата преку социјалните мрежи. Меѓутоа, таа вели дека инцидентот не се случил поради барана потврда за вакцинација, туку бидејќи пријавила сомнителна торба на аеродромот.

 Расправијата и правното убедување  со граничната аеродромска полиција завршила со нејзино апсење, лисици и држење  на аеродромот до 7 часот наредниот ден. При тоа, како што вели професорката, полицјаците не се легитимирале, не носеле никави легитимации, но затоа ја пак незаконски и без посебен основ ја уапсиле.

Таа најавува пријава во МВР  против полициските службеници кои ја уапсиле .

-Точно е дека имаше голем и сериозен инцидент, како и дека бев приведена со лисици во полициската станица на аеродромската полиција, и држена таму цела ноќ, докај 7 часот наутро вчера, повеќето време „оставена“ на клупа со лисици, како небаре не сум таму, а , од тоа што видов , инволвираните се собраа за да се „искоординираат“, најверојатно за нивната верзија за во записник, како за тоа што најавив правна акција од мене, а и бајаги по телефони, а од тоа што случајно слушнав не беше баш за професионалниот дел ( „ма и на министерот да му се јави, многу ми е гајле, ништо не ми може”). Ударно, сакам да и соопштам на јавноста дека не е точно дека било во врска со мое одбивање да покажам потврда за вакцинација. Целиот инцидент започна по поминување на пасошка контрола, и заради мој обид за пријавување на сомнителна торба ( во аеродромски услови тоа подразбира и торба која е оставена сама) во делот на превземање на багажот од страна на патниците. Дека беше драма, беше, за жал, многу грда и лоша. Но, ве уверувам дека јас бев во рамки на моите уставни и законски права и обврски, и нема правен основ за прекршочни пријави против мене, камоли сето тоа другото, приведување, лисици стегнати до степен на почнување да помодрува едната рака ( по што беа симнати), држење со саати за конечно давање изјава пред пуштање во 7 часот наутро. Единствено што имаше од мене е (правно) аргументирање со тон на револт и протест. Обвинувањата што се јавно пренесени на моја сметка треба да одат на страната на дел од полициските службеници од граничната полиција, а и полоши, некои дури и филмски лоши, до за неверување, напиша Астеруд на Фејсбук објавувајќи видео од инцидентот.

27.09.2021 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега