По претрес уапсени четири лица во Скопје и едно во Тетово

Четири лица уапсени во Скопје поради поседување на дрога и едно во Тетово каде по претрес од страна на полициојата било пронајдено оружје.

„На 18.11.2020 во 17.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода К.Ш.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.    

На 18.11.2020 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода С.К.(38) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.                                                             

На 18.11.2020 во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево ги лишиле од слобода М.С.(19) и В.С.(18), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.    

На 18.11.2020 околу 08.50 часот, полицски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода В.К.(47) од Тетово, затоа што при претрес извршен во неговиот дом, извршен со судска наредба, му бил пронајден и одземен пиштол, кој го поседувал без дозвола. По целосно расчистување на случајот против В.К. ќе следува поднесок“ стои во полицискиот билтен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега