По Лондон, Зеленски вечерва ќе замине во посета на Париз

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува по неговата посета на Обединетото Кралство, вечерва да отпатува за Париз, соопшти француското претседателство. Францускиот лидер Емануел Макрон ќе биде домаќин на својот колега, соопшти претседателството, без да даде дополнителни детали. 

Се очекува и германскиот канцелар Олаф Шолц да биде во Париз за да се сретне со Зеленски и со Макрон, изјави портпаролот на Шолц. 

Официјалните претставници на ЕУ потоа се надеваат дека тој ќе замине за Брисел в четврток за да се сретне со европските лидери во главно симболична, но сепак многу очекувана посета по неколкумесечна европска поддршка за Украина. 

Европската турнеја на Зеленски е прва откако Русија ја нападна неговата земја пред речиси една година, на 24 февруари 2022 година. 

Во декември, украинскиот претседател отпатува за САД, кои обезбедија најмногу воена помош за Киев од почетокот на војната. 

08.02.2023 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега