Евакуациската мисија на МНР продолжува и утре со лет од Саудиска Арабија. Вкупно 153 патници од Ријад, Бахреин, Катар и Кувајт веќе се пријавени за летот кој ќе полета од меѓународниот аеродром „King Khaled“.
Поради технички причини (немање договор за воздушен сообраќај со Саудиска Арабија), авионот ќе слета на аеродромот во Приштина, од каде МНР организира превоз до Скопје.
Околу 200 македонски државјани решиле засега да останат во ОАЕ, иако претходно се пријавиле за евакуација.
Владата на Македонија целосно ги презеде трошоците за оваа комплексна логистичка операција.
Министерството останува во постојан контакт со сите граѓани во регионот и е подготвено за понатамошни чекори доколку се појави потреба од дополнителни летови.


