Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова испиша историја како прв македонски претседател кој го посетил меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. На комеморацијата за 7.144 македонски Евреи депортирани во 1943 година, таа испрати моќна порака против историскиот ревизионизам.
„Не може да разубавите зло. Нивните домови се кај нас, нивните куќи стојат, а во Скопје чуваме три урни со пепел од Треблинка. Овде сме за да ветиме дека вистината нема да се фалсификува“, порача претседателката пред спомен-обележјето.
Таа јасно го посочи виновникот за депортацијата, нагласувајќи дека тогашната бугарска фашистичка окупаторска власт, а не народот, насилно ги собрала Евреите од окупирана Македонија и ги испратила во „фабриката на смртта“.


