По Дуа Липа, нова провокација: Албанска манекенка малтретирала возач од Србија

Албанската манекенка Лорена Халити се пофали на својот твитер-профил дека му пуштала албански песни на српски возач додека се возела со „Убер“ во Америка.

Тој им се пожалил на нејзините работодавци за директната провокација на манекенката објаснувајќи дека тоа не е во ред од нејзина страна затоа што тој си ја вршел својата работа професионално и коректно, а таа препознала по име и презиме дека тој е Србин.

Тој исто така во имејлот на жалбата навел дека односот меѓу Албанија и Србија е сè уште многу чувствителна тема и дека го загубил својот татко во војната и оти е сигурен дека во спротивна ситуација, ако тој ѝ пуштал српски песни, таа уште побргу ќе испратела жалба до компанијата „Убер“.

„Замислете свет каде што еден Германец му пушта нацистичка музика на еврејски возач? Или каде што човек од Турција му пушта турска музика на возач од Ерменија“, напиша тој, меѓу другото.

Кога работата почнала да се шири и кога „Убер“ го избришал нејзиниот налог на нивната платформа, таа го избришала твитот во кој се фали за своите постапки и во кој тврди дека „Убер ги поддржува ксенофобијата и етничката дискриминација“, па затоа ја забраниле.

„Јас веќе нема да молчам. Вашиот српски возач поднел тужба до мојот работодавец затоа што слушав албанска музика додека возам. Вие продолживте да ги поддржувате ксенофобијата и етничката дискриминација забранувајќи ме без никаква истрага. Ова е одвратно и неподносливо“, напиша таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа