Прекинот со напојување на електрична енергија кај Прилеп и околните села е саниран во 00.49 часот.
Моментално нема прекин со снабдувањето на електрична енергија.
Поради дефект вчера, цел Прилеп беше во мрак 5 часа.
Од ЕВН Македонија дополнително појаснија дека дефектот не бил во нивната дистрибутивна мрежа, туку на високонапонскиот преносен систем на МЕПСО, кој ја снабдува целата јужна и централна зона на земјата.

