По 19 часа Битола конечно доби вода
По 19 часа целосен прекин на водоснабдувањето на градот и околните населени места, во Битола вечерва почна да се нормализира снабдувањето со вода за пиење.
Од ЈКП „Вододовод“ - Битола соопштија дека дефектот на потисниот цевковод на пумпната станица кај местото викано „Довлеџик“ е отстранет и се очекува постепено нормализирање на водоснабдувањето кое почна од пониските зони, додека високите зони и станбените комплекси се уште се без вода.
Како што е познато, водоводната мрежа во Битола и Битолско целосно беше испразнета откако поради прекин со електрично снабдување пукна потисната пумпа кај пумпната станица „Довлеџик“. Затворачот Ф-500, кој бил целосно рѓосан и нефункционален, е сменет, со што дефектот е отстранет, а прекинот во водоснабдувањето со вода за пиење, кој почна во еден часот по полноќ, вечерва почна да се нормализира, информираа од тамошното локално претптијатие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа