Close Menu
Press24
    Најново

    Вработен во РЕК Осломеј сакал порано да си оди од работа – На шефот му кажал дека има бомба

    05.03.2026 во 10:47

    Платформата за родова еднаквост бара системска промена: Да ставиме точка на семејното насилство

    05.03.2026 во 10:42

    Обвинет за случајот „Пулс” тврди дека е болен – Судијката му порача дека ќе оди во притвор ако не доаѓа на судења

    05.03.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вработен во РЕК Осломеј сакал порано да си оди од работа – На шефот му кажал дека има бомба
    • Платформата за родова еднаквост бара системска промена: Да ставиме точка на семејното насилство
    • Обвинет за случајот „Пулс” тврди дека е болен – Судијката му порача дека ќе оди во притвор ако не доаѓа на судења
    • Војната се шири: Иран го нападна Азербејџан со дронови – погодено училиште и аеродром, има повредени
    • Кој ќе го купи Аудито на Мерко – Почетна цена од 21.800€
    • Асанов не признава вина, а делови беа закопани во неговиот двор: „Да убиеш човек не е лесно”
    • Трамп: Иран ќе имаше нуклеарна бомба за две недели ако не удревме
    • Дневен хороскоп: Овенот да не брза, големите цели се остварливи за Девицата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пломба за уште еден швајцарски луксузен хотел: Не ги исполнувал безбедносните услови

    Пломба за уште еден швајцарски луксузен хотел: Не ги исполнувал безбедносните услови

    06.02.2026 во 09:501 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Швајцарските власти донесоа одлука за итно затворање на луксузниот „Гранд хотел ду голф е Палас“ во познатото алпско одморалиште Кран-Монтана.

    Оваа радикална мерка доаѓа по утврдувањето на сериозни пропусти во системите за противпожарна безбедност, кои менаџментот на хотелот не успеал да ги отстрани во предвидениот рок. Првите дефекти биле евидентирани уште при инспекцијата во август минатата година, а крајниот рок за нивна поправка истекол на 15 јануари. Бидејќи условите не биле исполнети, општината донесе одлука за затворање на објектот на 6 февруари.

    Ваквиот строг пристап на властите следува по трагичниот пожар во барот „Ле Констелашн“ на новогодишната ноќ, каде што животот го загубија 41 лице. Истрагата за таа несреќа откри дека објектот немал извршено безбедносна проверка цели пет години, што доведе до засилени контроли низ целото одморалиште. По повод затворањето на хотелот, од локалната општина соопштија: „Хотелот се затвора бидејќи до одредениот рок не беа надминати проблемите со безбедноста. Полицијата е овластена да ја спроведе одлуката“. За сите гости кои престојувале во објектот во моментот на затворањето, обезбедено е алтернативно сместување во други хотели во Кран-Монтана.

    Популарно

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Кој ќе го купи Аудито на Мерко – Почетна цена од 21.800€

    05.03.2026 во 10:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.