Пленковиќ позитивен на ковид-19

Следејќи ги препораките на епидемиологот, денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изврши повторен тест за присуство на коронавирусот, а неговиот тест е позитивен, изјави владиниот портпарол.

 

Премиерот претходно доби наредба за епидемиолошка мерка за самоизолација, а сега му е наредено да се изолира 10 дена.

Во моментов се чувствува добро, а своите активности и одговорности премиерот ќе продолжи да ги извршува од дома и ќе ги следи сите упатства на лекарите и епидемиолозите, се вели во соопштението.

На хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му беше одредена десетдневна самоизолација, откако неговата сопруга се тестирала позитивна на ковид-19.

Ана Маслаќ Пленковиќ имала температура и тестот покажал дека е позитивна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега