Административците во Министерството за економија и труд ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21 отсто. Ова е предвидено со новиот Колективен договор што денеска го потпиша Независниот синдикат на државната администрација.

Според договорената динамика, покачувањето ќе се реализира во три фази:

  • 7% зголемување со ретроактивно дејство од 1 март 2026 година;
  • Дополнителни 7% од 1 март 2027 година;
  • Уште 7% зголемување од 1 март 2028 година.

Од синдикатот порачуваат дека целта е создавање достоинствени услови за работа, но и воспоставување рамнотежа меѓу јавниот и приватниот сектор.

Exit mobile version