Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи и со двајца се извршени службени разговори за безобѕирно управување возило. Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. По две лица во Битола, Скопје и Свети Николе возеле без возачка дозвола, по еден во Тетово, Кичево, Дебар и еден во Крива Паланка.

Возачот во Крива Паланка при лишувањето физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Едно лице од Дебар управувал возило и покрај што имал активна забрана, а едно лице во Скопје управувало возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Exit mobile version