Градоначалниците на Скопје и Аеродром, Орце Ѓорѓиевски и Дејан Митески, заедно со директорот на ЈП „Градски паркинг“, Владимир Кроневски, денеска го означија стартот на новата зона D12 во Реонскиот центар. Со оваа мерка, жителите на овој дел од Аеродром конечно добиваат уреден простор и крај на сообраќајниот метеж пред нивните домови.

Новата зона опфаќа вкупно 1.334 паркинг позиции, од кои 32 се наменети за лица со попреченост.

Станарите добиваат право на две бесплатни дозволи за своите возила.

Паркирањето за останатите корисници ќе изнесува 25 денари за час.

Од 1 април, паркирањето ќе биде дозволено исклучиво со поседување на соодветна дозвола за зоната.

Канцеларијата за аплицирање веќе е отворена во зградата на Рударскиот институт, а надлежните најавија дека наскоро иста ваква зона со 2.719 места ќе биде воведена и во Ново Лисиче.

Exit mobile version