Планирајте си го летото: Наскоро се отвараат границите- Сите вакцини ќе бидат прифатливи за влез во Грција

Сите вакцини ќе бидат прифатени за влез во Грција и оние кои се имунизирани ќе бидат насочени кон зелената лента на границата за намалување на метежот. Оние што немаат сертификат за вакцинација ќе треба негативен тест за PCR или тест за антиген, најави грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, кој е во посета на Белград.

Тој објави дека границите на оваа медитеранска земја можат да бидат отворени за странски државјани пред 14 мај, датум кој неодамна беше наведен како „Ден Д“ за сите оние кои сакаат да дојдат на одмор во земјата.

– Доколку биде сè во ред со коронавирусот, Грција ќе може да прими туристи уште порано. Зборувам за постепена либерализација на патувањата од Европа, САД, Велика Британија, Израел, Србија и Обединетите Арапски Емирати. – рече Теохарис, а пренесе „Прототема“.

ПЦР тест ќе биде задолжителен за деца постари од 10 години, додека не е потребен за помладите.

Како услови за влез во Грција, министерот за туризам наведе вакцинација, здравствено уверение или негативен тест за коронавирус.

– Кога патниците ќе пристигнат, тие ќе бидат подложни на примерок за проверка на аеродромот со употреба на иновативен систем. Исто така, ќе користиме и брзи тестови. Дополнително, ќе располагаме и со хотели наменети за изолација – најави Теохарис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.03.2021 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега