Славеничката употреба на пиротехника за време на новогодишната ноќ резултираше со повреди кај две млади лица, кои помош побарале во Ургентниот центар во Скопје.

Според информациите од СВР Скопје, на 1 јануари било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле донесени 17-годишник од селото Долно Свиларе и 11-годишно дете од Скопје.

И двајцата се здобиле со повредите во текот на ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари, при невнимателна употреба на пиротехнички средства. Полицијата го документира случајот.

Exit mobile version