Пикот на Омикрон ќе биде во јануари

 

До средината на јануари во Европа доминантна ќе биде варијантата Омикрон. Ова го соопшти претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент во Стразбур.

Таа појасни дека тоа е мислењето на научниците. Според неа, ЕУ има доволно вакцини за сите Европејци. Фон дер Лајен додаде дека досега повеќе од 300 милиони Европејци, или 66%, се имунизирани против коронавирусот, а 62 милиони веќе примиле засилена доза од вакцината.

Таа рече дека ЕК започнува информативни кампањи на интернет за да ги убеди оние кои сè уште не се вакцинирани.
Според неа, цената расте бидејќи се уште не се сите имунизирани.

Фон дер Лајен даде примери за континуираните ограничувања на економската активност и во училиштата. Таа истакна и дека во светот само 44 отсто од вкупното население се вакцинирани. 

 

15.12.2021 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега