Вчера полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода И.Т.(45) од Гостивар. По претходна пријава за физички напад врз неговата 35-годишна сопруга, кај него се измерени 1,01 промил алкохол во крвта.

Во текот на вечерта, сопругата дополнително пријавила дека истиот подолг период под дејство на алкохол ја принудувал на сексуални односи, вршел психичко и физичко малтретирање врз неа и децата.

Врз основа на тоа, во 23:55 часот бил извршен претрес во домот на И.Т., при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривично дело.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Exit mobile version