Лишени од слобода возачи во Куманово и Прилеп затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Куманово предизвикал и сообраќајна несреќа

На 27.01.2026 во 21:00 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ј. (35) од Куманово. Претходно, во 20:20 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово М.Ј. управувајќи возило „пежо“ удрил во три паркирани возила, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,74 промили алкохол во крвта.

На 28.01.2026 во 01:30 часот на ул. „Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Т.(43) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.

На 28.01.2026 во 01:00 часот на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.К. (35) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.К. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,54 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Exit mobile version