Ноќеска во 00:41 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул. „Браќа Ламески“ во Прилеп го лишија од слобода Р.Г. (49) од Прилеп.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „џип“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Г., при што било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,91 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со возило”.
Актуелно
- За овие три хороскопски знаци не постои „не можам“
- Европската Унија го проблематизира адиктивниот дизајн на ТikTok
- Карпошани ќе добијат Младински и ресурсен центар
- Норвешка одвојува 86,4 милиони евра за фондот за поддршка на енергетиката на Украина
- Посета во Вашингтон: Фокус на регионалната интеграција итрансатлантското партнерство
- Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
- Полицајци, наставничка и пожарникар од Скопје направиле криминална шема – ваделе брзи пасоши за граѓаните
- Возел без возачка, полицајците го фатија на дело – сега остана без автомобил

