Во 15:55 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа О.Л., на возраст од 40 години од Росоман, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
-При преземање мерки, кај него биле измерени 3,66 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, О.Л. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР – Велес.

