Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе тешки обвинувања на сметка на поранешниот премиер Зоран Заев. Според Петрушевски, контроверзниот проруски бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака, кој е на црната листа на САД, му исплатил на Заев 300.000 евра и 2.000 квадрати земјиште како повратна услуга за бизнис влијанија.
Петрушевски потсети на аудио снимките каде директно се споменува дека овие пари биле искористени за потребите на референдумот за името.
„Тогашната власт на СДС била длабоко поврзана со Дака. Го рекетирале контроверзниот бизнисмен за да спроведат политички инженеринг, додека во меѓувреме ги договарале неговите бизниси во државата“, изјави Петрушевски.

